Лунгеску: НАТО не претставува закана за Русија

Од:

НАТО не претставува закана за Русија и се залага за конструктивен однос со Москва, изјави портпаролот на Алијансата, Оана Лунгеску.

– НАТО не претставува закана за Русија, ниту за која било друга држава, нагласи Лунгеску.

Ваквата изјава на Лунгеску претставува коментар на новата воена доктрина на Москва што ја одобри рускиот претседател Владимир Путин, во која Алијансата се посочува како една од главните надворешни закани за Русија.

– НАТО ќе продолжи да трага по конструктивни односи со Русија, како што го прави тоа повеќе од две децении, додаде Лунгеску, нагласувајќи дека тоа ќе биде можно единствено ако Москва ги почитува меѓународното право и принципи.

Путин потпиша Указ со кој се одобрува новата воена доктрина на Русија, во која се потенцира дека јакнењето на воениот потенцијал на НАТО претставува една од главните надворешни закани за Русија.

Покрај тоа, меѓу главните закани во докуметот се посочени и кршењето на нормите на меѓународното право од страна на НАТО, како и приближување на воената инфрасктура на државите-членки на Алијансата кон руските граници.

Воената доктрина на Москва меѓу главните надворешни воени опасности ги смета и инсталирањето и јакнењето на странските воени контингенти во државите во руското соседство, како и „територијалните претензии кон Русија и нејзините сојузници и мешањето во нивните внатрешни работи“.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија