Лукашенко: Украина мора да се согласи на примирје или ќе биде целосно уништена

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко одговараше на прашања на руски новинари на маргините на самитот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), кој се одржува во Ереван. Лукашенко изјави дека се неопходни преговори за да се стави крај на конфликтот во Украина, во спротивно Украина ќе се соочи со целосно уништување, пренесува белоруската агенција БелТА.

„Сè е во рацете на Украина. Не го велам ова затоа што сакам Зеленски или Украина сами да се справат со оваа ситуација. Навистина, сега сè е во рацете на Украина“, одговори белорускиот лидер на прашањето дали постои можност за мировен договор. Тој додаде дека ситуацијата во Украина не е главна тема, туку само попатно се споменува.

Лукашенко рече дека ако Украина не сака луѓето да умираат, конфликтот мора да престане.

„Тешко е, тешко е, болно е, но мора да го сторат тоа ако сакаат да се опорават. Треба да се запре. Затоа што во спротивно ова ќе биде целосно уништување на Украина. Тоа нема да биде губење на државноста. Тоа ќе биде уништување на Украина. Ова мора да се запре“, убеден е тој.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област