Лукашенко тврди дека правел се за да ја запре војната во Украина

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека „направил се за да ја запре војната во Украина“.

Во интервју за агенцијата Асошиејтед Прес, Лукашенко рече дека не мислел оти руската воена операција во Украина „ќе отиде во оваа насока“.

– Не сум доволно задлабочен во овој проблем за да кажам дали се оди според планот, како што велат Русите. Сакам уште еднаш да нагласам, чувствувам дека оваа операција се одолговлечи, рече белорускиот претседател.

Според него, и Украина „ја провоцира Русија“, а Белорусија се залага за мир.

– Ние категорично не прифаќаме никаква војна. Направивме сè и сега правиме за да спречиме војна. Искрено благодарение на вас, на мене, почнаа преговорите меѓу Украина и Русија, рече Лукашенко.

Тој праша и зошто Украина, на чија територија се води војната, не е заинтересирана за тие преговори.

Претходно оваа недела белоруската армија најави вонредни вежби кои предизвикаа загриженост во Украина, но Лукашенко во интервјуто рече дека вежбите не се закана за никого.

– Никому не се закануваме, нема да се закануваме и нема да го направиме тоа. Згора на тоа, не можеме да се закануваме, знаеме кој ни се спротивставува, така што да се започне некаков конфликт, некаква војна овде на Запад апсолутно не е во интерес на белоруската држава. Така што Западот може мирно да спие, рече белорускиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област