Лукашенко подготвува тешка воена опрема и специјалци за најавениот голем протест

Од:

Голем број автобуси со беретки од специјалните воени единици на Белорусија, специјализирана воена опрема, како и воени камиони кои превезуваат војници се собираат во центарот на Минск, поради денешните очекувани големи антивладини протести организирани од белоруската опозиција.

Опремата и луѓето биле пренасочени од воената единица во Уручие, населба во североисточниот дел на Минск, јавуваат агенциите. Рано утрово, воената поворка поминала низ Плоштадот на независноста во градот, за каде се закажани денешните антивладини демонстрации.

Во Белорусија на 9 август се одржаа претседателски избори на кои актуелниот претседател Александар Лукашенко официјално освои 80,10 отсто од гласовите, но опозицијата тврди дека резултатите се лажирани.

По изборите во земјата започнаа масовни протести на граѓаните кои не се согласуваат со резултатите од гласањето. На почетокот на протестите, кои со прекини траат веќе 22 дена, имаше крвави судири со полицијата, која уапси стотици демонстранти. Европската унија и САД воведоа или најавија воведување санкции против режимот на Лукашенко, поради контроверзните избори и бруталниот одговор на протестите.

Светлана Тихановскаја, главната конкурентка на долгогодишниот претседател, освои 10,12 проценти од гласовите, но веднаш поизборите пребега во Литванија, поради, како што рече, страв за својата безбедност.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

Лукашенко: Извршителите на нападот во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија