Лукашенко: Ние сме единствената земја во светот што ја поддржува руската борба против нацизмот

Од:

Александар Лукашенко, белорускиот претседате и најблизок сојузник на Владимир Путин, рече дека Белорусија „целосно ја поддржува“ руската војна во Украина.

Говорејќи на церемонијата по повод годишнината од ослободувањето на Минск во Втората светска војна, Лукашенко рече дека го поддржува нападот на Путин врз Украина „од првиот ден“.

„Денес сме критикувани затоа што сме единствената земја во светот која ја поддржува Русија во нејзината борба против нацизмот. Ние ја поддржуваме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Русија“, рече Лукашенко.

„Што се однесува до оние кои не критикуваат, зарем не знаат зошто имаме толку силно единство со Руската Федерација? Денес имаме практично обединета армија. Но, вие го знаете тоа. Ќе останеме заедно со братска Русија“, рече Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков