Лукашенко именува премиер и нова влада, наспроти протестите и барањата за оставка

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко го одобри составот на новата влада, а за премиер го именува Роман Головченко.

Кандидатурата на Головченко, кој досега раководеше со Државниот воено-индустриски комитет, треба да биде потврдена во Долниот дом на Парламентот.

Во владата остануваат досегашниот министер за надворешни работи Владимир Макеј, министерот за внатрешни работи Јуриј Карајев, министерот за здравство Владимир Карањик и министерот за информации Игор Луцки.

Именувањето на составот на новата влада по претседателските избори е предвидено со Уставот на Белорусија.

Во заклучоците објавени по денешниот видео-самит на Европската Унија за кризата во Белорусија се наведува дека ЕУ не ги признава претседателските избори, дека Унијата е со народот на Белорусија и ги повикува белоруските власти да изнајдат начин за излез од кризата без насилство и со сеопфатен национален дијалог.

– Изборите од 9 август не беа ниту слободни ниту фер и поради тоа не ги признаваме резултатите, се наведува во заклучоците по ЕУ Самитот.

Во меѓувреме, почна протестот во Минск, единаесетти ден по ред, и покрај наредбата на Лукашенко полицијата да ги задуши протестите.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

Лукашенко: Извршителите на нападот во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија