Лукашенко и честиташе на Украина: Ви посакувам мирно небо, храброст, сила и успех

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изненадувачки му го честиташе на украинскиот народ Денот на независноста. Белорусија беше главниот сојузник на Русија во нејзината инвазија и им дозволи на руските трупи да влезат во Украина преку нејзината граница.

„Убеден сум дека денешните несогласувања нема да можат да ги уништат вековните темели на искрени, добрососедски односи меѓу народите на нашите две земји“, рече Лукашенко.

Тој додаде дека Белорусија ќе продолжи да се залага за „зачувување на договорите, развивање пријателски и меѓусебно почитувани контакти на сите нивоа“. Белорускиот лидер им посака на Украинците „мирно небо, толеранција, храброст, сила и успех во повторното воспоставување на достоинствен живот“.

Белорусија е сојузник на Русија и таа земја беше искористена како почетна точка за инвазијата на Украина во февруари. Земјата е домаќин на голем број руско оружје, а украинските власти известија за зголемување на распоредувањето на руски ракети во воздухопловната база во Белорусија во последните недели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне украинската енергетска инфраструктура

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски