Лукашенко денеска ќе се види со Путин во Москва

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска отпатува за Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, неговиот близок сојузник, за голем број теми, меѓу кои доминира војната во Украина. Лукашенко и Путин треба да разговараат за напредокот во создавањето сојузни држави Русија и Белорусија, се вели во соопштението за печатот од Кремљ.

Според интерен документ кој претходно го видоа некои медиуми, Русија планира да преземе целосна контрола над соседна Белорусија најдоцна до 2030 година под изговор за спојување на двете земји.

На вториот ден од посетата на руската престолнина, Лукашенко и Путин ќе разговараат за „актуелните билатерални и меѓународни прашања“, се наведува во соопштението за печатот. Меѓу билатералните прашања е и стационирањето на тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија директно на границата со Полска, што Путин го најави викендов.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Додик отпатува за Русија