Лос Анџелес: Ученици планирале напад на училиште

Од:

Полицијата во Лос Анџелес приведе двајца ученици во предградието Јужна Пасадена, поради сомнеж дека планирале масовна пукотница во средното училиште, во кое што учеле.

Како што пренесе „Ројтерс“, официјални лица од училиштето, кое го посетуваат 1.500 ученици ја алармирале полицијата, по што е направен претрес во куќите на двајцата тинејџери, кои што се осомничени дека планирале да пукаат во тројца наставници и голем број ученици.

-Пронајдени се доволно докази и врз основа на тоа двајцата ученици се уапсени- стои во соопштението, во кое се додава дека едниот од нив е приведен без проблеми, додека другиот давал отпор во тек на апсењето.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува