Лондонска полиција: Постои можност билансот на загинатите во пожарот во Лондон да изнесува 58 лица

Од:

Постои можност билансот на загинатите во пожарот во станбениот блок Гринфел Тауер во Лондон во средата, да изнесува 58 лица, изјавија претставници на Скотланд јард.

– За жал до овој момент 58 лица, за кои ни кажаа дека биле во Гринфел тауер таа ноќ, а чија судбина се уште не е позната, колку и да е тешко, треба да претпоставие дека се мртви, изјави полицискиот началник Стјуарт Кенди.

Тој нагласи дека таа бројка е направена врз основа на информации од граѓани и оти може да се зголеми.

Кенди додаде дека ќе бидат потребни недели за откривање и идентификување на сите жртви.

Досега властите соопштија за 30 жртви. Кенди нагласи дека оваа бројка е вклучена во новиот биланс на загинати.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он