Лондон забрани пливање во Темза

Од:

Пливањето во реката Темза е забрането од денска, во делот што минува низ централното градско подрачје.

За пливање во водите на најголемата река во Велика Британија сега ќе биде неопходна специјална писмена дозвола, што може да ја издаваат само лондонските пристанишни власти.

Претставник на пристаништите власти на реката изјави дека целта на ваквото решение е „да се стави ред“ во Темза, во интерес на сите што ја користст реката, како и да се спречи пливање „на своја рака и кој кога ке посака“.

Ваквата пракса е засилено поттикната, откако британскиот комичар Дејвид Валијанс, пливаше шо течението на Темза во едн хуменитарна акција. Тој сега тврди дека Темза е опасна, затоа што нејзините води се студени и во неа има многу разни бактерии. Валијанс доби стомачна инфекција во текот на своето маратонско пливање по Темза и два дена мораше да го прекине пливанјето.

– Реката е опасна поради плимата, на која е изложена, како и поради силните водни струи и водовртежите, објасни претставник на пристанишните власти во Лондон.

Последен пат „диво пливање“ во Темза беше регистрано пред три месеци, за време на традиционалната кајакарска трка меѓу универзитетите на Оксфорд и на Кембриџ, кога еден пливач, за момент, предизвика прекин на натпреварувањето.

Би можело да ве интересира

Во Англија пациентите на кардиологија чекаат повеќе од една година за лекување

Серијата апсења низ Англија, тројца мажи се обвинети за шпионажа

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски