Лондон се соочува со правна битка околу останувањето на единствениот пазар на ЕУ

Од:

Британската Влада се соочува со правна битка околу останувањето на Велика Британија во единствениот пазар на ЕУ, по излегувањето од Унијата, тврди Би-Би-Си.

Правни експерти, на кои се повикуваа овој британски медиум, укажуваат на неизвесноста околу членството на Велика Британија во Европското економско подрачје (ЕЕА), што пак би значело дека министрите во Владата, нема да можат да ја извлечат земјата од единствениот пазар.

Аргументот на експертите е дека британското членство во ЕЕА не завршува по автоматизам со излегувањето од ЕУ, како и дека конечниот збор околу тоа мора да го има Парламентот.

Владата на премиерот Тереза Меј, пак, инистира дека членството во ЕЕА, завршува со напуштањето на Унијата.

Единствениот пазар овозможува бесцарински трансфер на стоки, услуги, пари и работна сила во рамките на ЕУ.

ЕЕА е создадена во 90-те години на 20 век, овзможувајќи им на земјите кои не се членки на ЕУ, како Норвешка, Исланд и Лихтенштајн да ги користат истите права, како и на оние во Унијата.

Овие три земји не се дел од Заедничката аграрна политика (ЦАП) и од царинската унија, но имаат слободен пристап на единствениот пазар, издвојуваат определени средства за буџетот на ЕУ и прифаќаат слободно движење на работна сила од земјите на Унијата.

Ако судот во Лондон го прифати овој најнов правен предизвик, а Парламентот добие право да го има последниот збор околу ЕЕА, тогаш британските пратеници ќе може да гласаат за да се обезбеди останување на Велика Британија на единствениот пазар, додека не се регулираат на подолг рок трговските односи со ЕУ.

Иницијативата за оваа правна битка доаѓа од тинк-танк групата „Бритиш Инфлуенс“.

Таа ја предупреди Владата да ги чека прецизните правни толкувања, затоа што би можела да биде обвинета оти дејствува незаконски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Демонстрантите во Лондон кои маршираа за поддршка на Палестина го затворија Тауер бриџ

Горан Наумовски