Лондон не го сака Јункер за нов претседател на Европската комисија

Од:

Владата во Лондон не се согласува со германскиот предлог поранешниот луксембуршки премиер, Жан Клод Јункер да биде новиот претседател на Европската комисија.

На последниот неформален самит на лидерите на ЕУ, оддржан во Брисел, по завршувањето на изборите за Европскиот Парламент, на кој се зборуваше и за кандидатот што треба да го наследи Жозе Баросо на претседателската функција, британскиот премиер Дејвид Камерон инсистирал идниот претседател на ЕК да биде реформатор кој ќе ги покрене неопходните реформи во ЕУ.

Противењето на Лондон на кандидатурата на Јункер е последица на британскиот став дека долгогодишниот премиер на Луксембург е „федералист“ и еден од најсилните европски поборници за поцврсти интеграции во рамките на ЕУ.

Официјален Берлин и канцеларот Ангела Меркел го предложја Јункер, инсистирајќи дека тој е „најсилниот и вистинскиот кандидат“ за наследник на Баросо.

Според германската канцеларка, Јункер е силно проевропски ориентиран политичар, ветеран на европската сцена, кој веќе бил и функционер на Унијата. Неговата последна функција во Брисел беше раководењето со Групата министри за финансии на еврозоната и тоа во најтешкото време, кога требаше да се носат тешките мерки за покривање на неликвидноста на неколку земји членки од јужното крило на ЕУ и за нивното спасување од целосно банкротство.

Но, за евроскептичните Британци тој е неприфатлив, затоа што се залага и го заговара сето она против што се владеачките конзервативци на премиерот Камерон, а со што не се согласуваат ниту опозициските лабуристи, а тоа е натамошното интегрирање во Унијата и зголемувањето на моќта на Брисел.

Изборот на претседател на Европската Комисија им е оставен на лидерите на земјите членки, но со Лисабонската спогодба е наложено при одлучувањето тие да ги земат во предвид и изборните резултати за Парламентот во Стразбур.

На минатонеделните избори победија партиите на европскиот десен центар и блокот народни партии, чиј кандидат за нов претседател беше Јункер. Тоа е и објаснувањето на Берлин за брзото определување на Ангела Меркел за поранешниот луксембуршки премиер.

Во Лондон,сепак, инсистираат дека не треба да се брза со донесувањето на одлуката и дека треба повеќе време околу изборот.

Претставник на Даунинг стрит 10 изјави дека претседателот на ЕК го избираат владите на земјите членки, а не пратениците на Европскиот Парламент. Тоа значи дека официјален Лондон заговара преговори со Берлин и со другите земји околу германскиот кандидат или барање на нов политичар за најпрестижната европска функција.

Во меѓувреме, германскиот канцелар навести дека е подготвена за преговори, објаснувајќи дека не е се завршено и дека се е можно околу изборот на наследник на Баросо.

Во Лондон се тврди дека Британија не е осамена во противењето на назначувањето на Јункер, но се открива дека европските лидери од блокот на народните партии се противат на тоа, како можни нови кандидати да се номинираат шведскиот премиер Фредрик Реинфелд и Унгарецот Виктор Орбан.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија