Лондон договори санкции против Русија со Г-7 и ЕУ

Од:

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас изјави дека Велика Британија веќе договорила со своите партнери од Г-7 и Европската унија (ЕУ) санкции против Русија во случај на нејзина воена интервенција врз Украина.

Таа го изјави ова во интервју објавено денеска за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.

– Отстапките нема да ја спречат Русија да нападне. Мораме да покажеме сила со поддршка на Украина. Треба да гарантираме дека е подготвен строг пакет итни санкции. Веќе ги договоривме тие санкции со нашите сојузници во Г-7 и ЕУ, вклучително и Германија, истакна Трас.

Истовремено, Трас додаде дека Британија обезбедува економска поддршка за Украина, како и поддршка за кибер безбедноста. Лондон испорача одбранбено оружје за Киев и помага во обуката на украинските војници.

Според британската министерка, неопходно е сите членки на НАТО да потрошат два отсто од БДП за одбрана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски