Локални избори во Галиција и Баскија

Од:

Во шпанските региони Галиција и Баскија утрово се отворени избирачките места, каде се одржуваат локални избори кои ќе претставуваат клучен тест за премиерот Маријано Рахој во борбата против економската криза и зголемените сепаратистички тензии во земјата.

Народната партија на премиерот Рахој, според анкетите, има предност во неговата родна Галиција, каде ужива апсолутно мнозинство, иако рецесијата и владините мерки за штедење би можеле да предизвикаат изненадување.

Во Баскија сепаратистичките сили се во предност на првите локални избори откако сепаратистичката баскиска група ЕТА „се откажа од оружјето и бомбите во борбата за создавање своја држава“ во октомври минатата година.

Резултатите од анкетите покажуваат дека победата би можела да ја однесе Баскиската национална партија (ПНВ), која се залага за поголема автономија на регионот.

Премиерот Рахој се соочува со зголемениот сепаратизам и во североисточниот регион Каталонија.

Во Каталонија локални избори ќе се одржат на 25 ноември, а претседателот на оваа покраина Артур Мас вети дека ако повторно победи неговата партија, ќе организира референдум за независност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски