Литванскиот претседател го потпиша законот за времено враќање на задолжителната воена обврска

Од:

Претседателот на Литванија Далија Грибаускаите денеска го потпиша усвоениот минатиот четврток од парламентот закон со кој се одобрува времено задолжителна воена обврска, јави ТАСС.

– Ова е важен и значеан чекор за зголемување на одбраната на земјата. Гарантирање на националната безбедност е важен приоритет, изјави претседателката.

Кон крајот на февруари Државниот совет за одбрана, раководен од Грибаускаите, излезе со иницијатива да се врати повлечената во 2008 година задолжителна воена обврска во земјата. Советот донесе одлука времено, за период од пет години, општата воена обврска да биде повторно воведена, со цел во тој период да бидат подготвени околу 16 илјади идни резервисти.

Според проценките на литванската армија оваа измена ќе овозможи пополнување на деловите од единиците, кои моментално се пополнети само до половина, јави ТАСС.

Би можело да ве интересира

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Литванија затвори два гранични премини со Белорусија поради Вагнер

(ВИДЕО) НАТО самит на 150 километри од Русија: Вилнус претворен во воена тврдина

Катерина Ѓуровски

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје

Ана Ололовска

Литванија: Испратете системи за воздушна одбрана на НАТО

А1он

Литванија ќе биде подготвена да прими германска воена бригада до 2026 година

А1он