Лисенко: Во изминатите 24 часа убиени тројца украински војници во Источна Украина

Од:

Тројца украински војници се убиени во Источна Украина во текот на изминатите 24 часа, соопшти денеска украинската армија.

– Во текот на вчерашниот ден загинаа тројца украински војници, а седум се повредени, изјави портпаролот на украинската армија Андреј Лисенко, без да објави повеќе детали.

Информацијата на најнови жртви доаѓа откако примирјето постигнато во Минск на 12 февруари почна конечно да се применува од двете страни, што резултираше со прекин на крвопролевањата во кои од април минатата година животот го загубија најмалку 5.800 лица.

Според Лисенко, борбите со проруските сили се прекинати на повеќе фронтови, но се уште има судири во села околу аеродромот во Доњецк.

– Проруските сили користат артилерија, гранати и тенкови во обид да ги заземат нашите позиции, истакна Лисенко.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17