Лидрите на „нордиската четворка“ телефонски разговараа за Украина

Од:

Лидерите на Германија, Франција, Русија и Украина денеска во телефонски разговор се согласија да дадат нов поттик за почитување на последната спогодба од Минск, од 12 февруари, за воспоставување примирје на истокот на Украина, соопшти канцеларијата на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Четворицата лидери го осудија прекршувањето на спогодбата за прекин на огнот во последните неколку дена и се согласија дека пакетот мерки договорен во Минск треба да биде применет „стриктно и во неговата целост“, пренесоа британските медиуми.

„Претставниците на ОБСЕ треба да се состанат со страните на теренот заради побрзата примена на овие мерки“ се наведува во соопштението.

Во текот на денот за деталите од овој план ќе разговараат министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина, се додава во соопштението. 

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат