Лидерот на Исламска држава се појави во видео за прв пат по пет години

Од:

Предводникот на терористичката група Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, се појави во видое снимка, за која се претпоставува дека е од неодамна, со што се подгреваат шпекулациите дека тој не е убиен, како што претходно се претпоставуваше.

Видеото го објави „СИТЕ Интелиџенс Груп“, тинк тенк од Вашингтон ангажиран во анализи и истражувачка работа на џихадистите и екстремните десничарски или левичарски активности на интернет.

Раководителката на „СИТЕ“ Рита Кац на Твитер објави дека ал Багдади во видеото е придружен од соборци, чии лица се замаглени и говори за војната против „крстоносците“. Дискутира дека битката за Ал Багуз Фокани (населено место по кое коалицијата предводена од САД во јануари изврши воздушни удари) е завршена.

Во одделен сегмент од видеото Ал Багдади говори за нападите во Шри Ланка за време на католички Велигден. Тоа укажува дека видеото било снимено неодамна.

Ова се први кадри со Ал Багдади после молитвата во Мосул во јули 2014 година. Оттогаш повеќепати се шпекулираше дека тој е елиминиран, но немаше потврда за тоа.

Би можело да ве интересира

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава

Разбиена исламистичка група во Австрија