Лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади се пресели во Либија

Од:

Лидерот на терористичката групација Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади се пресели во Либија, јави ТАСС.

– Ал Багдади се пресели од Турција во Либија за да се скрие од ирачкото разузнавање, кое се обидува да го уапси. Тој досега неколку пати се преселуваше од Ирак во Сирија и обратно, се наведува во соопштението на иранската агенција ФАРС, кое го пренесува ТАСС.

Ал Багдади во октомври беше ранет во напад на ирачки воени авиони врз конвојот возила со кој патувал, по што е одведен во сирискиот град Рака, каде бил подложен на операција.

Хирурзите му го спасија животот, но немаа начин да му обезбедат лекување, поради што тој е пренесен во болница во Турција, а операцијата за негово превезување беше предодена од ЦИА, тврди иранската агенција.

Лидерот на ИД во ноември се пресели во сириското гратче Албу Камал во Мосул, главен град на ирачката провинција Ниневија, преземен од џихадистите минатото лето, а оттаму замина за Турција.

Ал Багдади сега, според информациите на ФАРС, заминал за либискиот град Сирт, кој е под контрола на џихадистите.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска