Лидерот на Фатах цел на израелски напад, се разгорува војната со Хезболах

Од:

Цел на синоќешниот израелски напад во јужен Либан бил Мунир Макда, командант на либанскиот огранок на военото крило на палестинското движење Фатах, Бригадата на мачениците Ал Акса, соопштија двајца палестински безбедносни претставници, пренесе Ројтерс. Не се знае судбината на Мунир Макда.

Снимките објавени од дописникот на Скај њуз покажуваат експлозии на границата меѓу Либан и Израел.

Друго видео го прикажува повлекувањето на либанската армија од границата со Израел. На силите на либанската армија им беше наредено да се поместат најмалку пет километри од границата.

Нападот на ИДФ погоди зграда во Аин ел Хилве, палестински бегалски камп во близина на јужниот либански град Сидон, рекоа изворите.

Од друга страна, Хезболах соопшти дека цел на артилериски оган им биле израелските сили во град во близина на израелско-либанската граница. Либанска милитантна група соопшти дека ги нападнала силите во Метула.

Хезболах во својата изјава не ја спомена израелската најава за почетокот на копнената инвазија.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк