Лидерот на британските лабуристи е против учеството на РАФ во бомбардирањата на ИД

Од:

Лидерот на британските лабуристи, Џереми Корбин е против учеството на британското кралско воено воздухопловство (РАФ) во воздушните напади против позициите на Исламска држава (ИД) во Сирија.

Корбин ги известил за тоа сите членови на својот кабинет во сенка, како и лабуристичките пратеници, веднаш по излагањето на премиерот Дејвид Камерон во Долниот дом на Парламентот, во кое тој побара согласност за учеството на Британија во меѓународната анти-ИД коалиција.

Според Камерон, вклучувањето на РАФ во напдите против ИД на сириската територија е во „национален интерес на Британија„.

Во писмото до лабуристичките пратеници, лидерот на опозицијата објснил дека тој „не е воопшто уверен во аргументите кои ги изнесува и ги брани премиерот„ па затоа е против давањето подршка на владиното барање.

Позицијата на Корбин не ја делат голем број лабуристички пратеници, како и половината од владата во сенка.

Поделбата во редовите на главната опозициска партија настана со кандидирањето и изборот на левичарот Корбин за нов лидер, а сега се заканува да ескалира.

Членовите на кабинетот во сенка кои се согласуваат со вклучувањето на РАФ во нападите врз ИД во Сирија, се закануваат со оставки, додека антилевичарски определените пратеници на партијата, порачуваат дека оставка треба да поднесе лидерот Корбин, а не неговите неистомисленци.

Ставот на Џереми Корбин не претставува изнендување, затоа што во согласност со своите ливичарски уверувања тој од порано е противник на воени интервенции во Блискиот Исток.

Лабуристите сега настојуваат да се изнајде компромисно решение, со настојувањето да се увери Корбин да им дозволи на своите патеници да гласаат „самостојно„ според своето уверување, а не како „партиски војници„ според позицијата на својот лидер.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он