Лидерот на австриската Партијата на слободата предложи одржување референдум за напуштање на ЕУ

Од:

Лидерот на највлијателната опозициска партија во Австрија Партијата на слободата (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрахе, по излегувањето на британскиот премиер Дејвид Камерон, предложи и Австрија да одржи референдум за напуштање на ЕУ.

– Поддржуваме било каква форма на директна демократија. Поради тоа сметаме дека и граѓаните на Австрија терба да добијат можност да се изјаснат, нагласи тој.

Штрахе нагласи дека Камерон со најавениот реферндум создаде јасна ситуација. Истовремено, тој не ја исклучува можноста Австрија да излезе од ЕУ.

Ако ЕУ се развива во централистичка супер држава, тогаш како последица Австрија ќе излезе од унијата. Тогаш повеќе би сакал сојуз со Швајцарија, порача лидерот на партијата, која според истражувањето на јавното мислење е на второ место според популарноста кај луѓето.

Штрахе оцени дека би било корисно ако се одржи референдум за излегување на Австрија од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат