Лидерите на двете заедници на Кипар најавуваат договор до крајот на 2016

Од:

Лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастасијадис и Мустафа Акинџи во заедничка изјава нагласија дека како никогаш досега се посветини на решавање на проблемот на Кипар и изразија оптимизам дека е можен договор за обединување на островот до крајот на 2016 година. 

Во заедничкото соопштение објавено денеска, лидерите на двете кипарски заедници изразуваат задовоство од текот на преговрите во изминатава година и нагласуваат дека се подготвени „да ги демонстрираат неопходните волја и поттик за надминување на разликите во ставовите“ што се уште постојат меѓу нив.

Анастасијадис и Акинџи нагласуваат дека секој договор за обединување на Кипар мора да ги земе предвид ставовите на двете кипарски заедници, кои се поделени од 1974 година со турската инвазија на осторовот, чија цел беше да спречи негово припојување кон Грција.

– Договорот за обединување на Кипар ќе придонесе за стабилност и за соработка во регионот, истакнуваат во заедничката изјава лидерите на двете кипарски заедници.
Преговорите меѓу кипарските Грци и Турци со посредништво на ОН беа возобновени во мај минатата година, а од ноември тие добија засилен интензитет. Целта на преговорите е создавање единствена федерална држава на сега поделениот остров.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски