Либанско Министерство за здравство: Најмалку тројца загинати и 17 ранети во денешниот израелски напад

Од:

Во денешниот воздушен напад на израелската армија на периферијата на Бејрут, најмалку три лица загинаа, а 17 се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство, пренесува АП.

Израелската војска претходно денеска соопшти дека извршила „целен напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека е погодено јужно предградие на Бејрут и дека цел бил лидер на Хезболах.

Нападот погодил локации во близина на клучни објекти што ги користи Хезболах, објави британската агенција, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори во Либан.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа