Либанскиот премиер побара помош за справување со терористичката закана од ИД

Од:

Премиерот на Либан, Тамам Салјам во синоќешното обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации истакна дека земјата е под „жестока терористичка закана“ и побара помош.

– Либан е цврсто решен да не попушти пред притисокот на екстремистите од Исламска држава, посочи либанскиот премиер.

ИД во август зазеде град на границата со Сирија. Тие држаат околу 20 либански војници и полицајци како заложници, а тројца веќе се егзекутирани.

Салјам истакна дека и бројот на сириски бегалци во Либан е еднаков на една третина од населението во земјата.

– Тоа е национална катастрофа, посочи Салјам.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда