Либанската војска уапси 11 екстремисти на ИД

Од:

Либанските специјални сили денеска уапсија 11 борци на џихадистичката група Исламска држава, меѓу кои и локален командир, при операција во близина на границата со Сирија.

Операцијата во близина на пограничниот град Арсал била спроведена против центар на ИД, а локалниот командир на групата Ахмад Јусеф Амун е тешко повреден и уапсен. Во акцијата нема повредени војници.

Стотици борци на ИД се наоѓаат во реонот на либанско-сириската граница, од каде организираат напади во внатрешноста на Либан.

ИД презеде одговорност за неколку експлозии во Либан во последните две години, во кои загинаа голем број луѓе. Екстремистите држат како заложници деветмина либански војници и полицајци по напад врз Арсал во август 2014 година.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда