Либан ја прекинува офанзивата против ИД за да преговара за ослободување на своите војници

Од:

Либанската армија денеска соопшти дека ја прекинува офанзивата против џихадистичката група „Исламска држава” во планинскиот регион на границата со Сирија, за да преговара за ослободување на нејзини војници, кои ИД ги држи како заробеници од 2014 година.

Едностраниот прекин на огнот влезе во сила во 7 часот по локално време. Тоа ќе го отвори патот за последната фаза од преговорите за судбината на заробените војници, се посочува во соопштение на командата на армијата.

Девет либански војници се наоѓаат во рацете на ИД, која во август 2014 година го зазеде пограничниот град Арсал и зароби 30 либански војници и полицајци.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда