Левичарските бунтовници во Перу запалија 3 хеликоптери на приватен нафтен конзорциум

Од:

Перуанските левичарски бунтовници запалија три хеликоптери кои се користат од страна на приватен нафтен конзорциум. Нападот е извршен во провинцијата Куско, каде истата група на бунтовници во април на кратко киднапира 36 нафтени работници.

Никој не е повреден или киднапиран, па останува нејасна вистинската причина за нападот врз аеродромската писта. За да го заштити аеродромот армијата испрати засилување во регионот. По нападот од страна на милитантите конзорциумот “Transportadora de Gas del Peru, соопшти дека ја прекинува својата работа во оваа област, јавува Би-Би-Си.

Се работи за левичарско маоистичка организација “Комунистичка Партија на Перу” попозната како “Патот на Светлината”, којa беше формиранa во почетокот на шеесеттите години, a во осумдесетите започна со вооружена герилска борба. На крајот на осумдесеттите и деведесеттите судирите со бунтовниците во Перу за владата претставуваа голем предизвик. До денес значително ослабнаа, особено по апсењето на нивниот лидер, Абимела Гузман во 1992година. Меѓутоа, во некои подрачја на Перу се уште се активни нивните поддржувачи кои, според некои информации, главно се финансираат од трговија со кокаин.

Во судирите со бунтовниците оваа година беа убиени 12 Перуански полицајци. Иако владата вели дека бунтовниците се поразени во нивното упориште во долината Алто Хуалага, членовите на “патот на светлината” извршија неколку успешни напади на југот на земјата, каде што производството на кокаин е највисоко.

Би можело да ве интересира

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот на длабочина од 10 километри

Ана Ололовска

Во Перу запленети се 58 килограми кокаин спакувани во пакувања со нацистички свастики

Ана Ололовска