Лекарите во Полска ги затвораат ординациите во знак на протест против реформите во здравството

Од:

Десетици илјади пациенти во Полска останаа без медицинска нега од почетокот на годината, откако стотици лекари ги затворија ординациите во знак на протест против воведувањето нови процедури во лекувањето на лицата заболени од рак.

Според лекарите „онколошкиот пакет“, кој беше воведен на 1 јануари, со кој од матичните лекари се бара да извршуваат рано дијагностицирање на рак, ќе им одземе многу време и ќе ги стави во опасност останатите пациенти.

Според Високиот лекарски совет пакетот ќе доведе до дестабилизација на целиот здравствен систем и со тоа нема да дојде до подобрување во лекувањето на лицата заболени од рак.

Стотици лекари, претежно во северните и источните области на Полска, се откажаа од потпишувањето на тој план и од 1 јануари ги затворија своите ординации.

Преговорите меѓу лекарите кои протестираат и министерот за здравство Бартош Арлуковиќ, кој и самиот е лекар, пропаднаа минатата година.

Еден од четворица Полјаци умира од рак, а во повеќето случаи поради тоа што предоцна им е дијагностициран.

Би можело да ве интересира

Избегната голема несреќа во Полска, полициско возило удри во спасувачки хеликоптер на автопат

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија