„Лекари без граници“: Граничари на ЕУ вршат насилство врз децата

Од:

Организацијата „Лекари без граници“ ги обвини денеска граничните власти на Европската унија дека вршат насилство врз деца на граничните премини на Србија кон Бугарија, Хрватска и Унгарија.

– Децата и младите лица кои ја користат балканската рута се изложени на систематско насилство, се наведува во извештајот на Организацијата.

Извештајот се базира на медицински податоци и изјави на млади лица.

Во првата половина од оваа година, „Лекари без граници“ забележале дека 92 отсто од младите мигранти биле злоставувани.

Половина од децата навеле дека биле малтретирани од страна на бугарските гранични власти.

Тим на организацијата, што од почетокот на годинава во Белград се грижи за бегалците, во првите шест месеци забележал 62 случаи на насилство на унгарската граница и 24 на хрватската.

Маркус Бахман, од виенската канцеларија на „Лекари без граници“, предупреди дека земјите од ЕУ не смеат да применуваат насилство со цел да ги одвратат младите лица од барање на азил во Унијата.

– Таквите мерки се контрапродуктивни и само ги туркаат младите во рацете на криумчарите, против кои наводно се борат земјите членки на ЕУ, наведе Бахман.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Лекари без граници: 5-годишни деца во Газа ни велат дека сакаат да умрат