Лекар во Италија работел само 15 денови во изминатите девет години

Од:

Еден лекар од Сицилија е обвинет за измама и за изигрување на прописите откако е утврдено дека во изминатите девет години поминал на работа само 15 денови.

Лекарот не е именуван, освен што се знае дека сега има 50 години. Од како се вработил во болницата, пред девет години, тој постојано бил на некакви курсеви и специјализации, имал „сериозни“ семејни проблеми и бил на боледување, па за работата, за која редовно примал плата, му останале само две недели.

Италијанските весници му посветуваат големо внимание на случајот, настојувајќи преку овој пример да укажат на состојбите во јавното здравсво и општо во јавниот сектор во Италија каде работната дисциплина на вработените е мошне ниска, но каде отсуствува и вистинска контролата од управите и менаџерите.

Лекарот бил вработен во една болница блиску до сицилијанскиот град Катанија.

Веднаш по вработувањето, во 2005 година тој побарал и добил дозвола да замине на неколку курсеви за усовршување и медицински обуки. Се вратил на работа во октомври 2008 година, по што веднаш добил дозвола да отсуствува „поради семејни причини“.

Не доаѓал на работа до мај 2009 година, па кога завршило „семејното отсуство“ за кое никој не знае за какви прични било добиено дошол во својата болница и ги одработел единствените 15 денови. Но веднаш потоа, овој лекар се пријавил дека е „сериозно болен“  и дека му треба подолго испитување па не доаѓал на работа во следните неколку месеци.

Кога се вратил од „боледувањето“ во јули 2009. веднаш побарал и од управата на болницата одново добил дозвола да оди на нова серија тренинг-курсеви, што траело до оваа година, кога конечно бил откриен.

Медиумите во Сицилија се посебно гневни на управата на болницата и на разните комисии кои без доволна контрола ги исполнувале сите негови барања. Сега целата јавност е шокирана што овој лекар за девет години работел само 15 денови.

„Неработењето на овој човек е платено со парите на сите луѓе“ – налутено реагира во својот коментар весникот „Џорнале ди Сиракуза“ и бара санкции не само за него, туку и за сите кои го толерирале неговото однесување.

Во единствената изјава, неименуваат лекар го осудува однесувањето кон него на италијанските весници и ги отфрла критиките во медиумите.

– Се што правев, беше регуларно и според италијанските прописи, вели обвинетиот лекар.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага