Ледниците на Антарктикот забрзано се топат

Од:

Ледниците на делови од Антарктик почнале да се топат со поголема брзина од очекуваната придонесувајќи за порастот на нивоата на морињата кој им се заканува на бреговите и градовите од Њујорк до Шангај, предупредува тим научници чиешто истражување е објавено во списанието Science.

Ледниците по должината на 750 километри долгиот брег на јужниот антарктички полуостров, кој се спушта кон Јужна Америка, нагло почнаа да се топат околу 2009 година, појаснуваат научниците.

„Таа област забрзано го губи мразот (….), а станува збор за подрачје каде што тоа не го очекувавме, вели водителот на истражувањето Берт Вудерс од универзитетот во Бристол. Научниците утврдиле дека водата од глечерите во таа област во моментов годишно додава 0,16 милиметри на глобално ниво на морињата, коешто севкупно годишно расте за околу 3 милиметра.

Сателитските снимки направени во периодот од 2002 до 2010 година покажуваат дека ледниците добиваат во снег и во мраз исто толку брзо колку и што паѓаат во морето. Но нешто се случило околу 2009 година, што предизвикува побрзо топење и пропаѓање на ледниците.

Тимот климатолози ангажиран од Обединетите нации предупредува дека подигнувањето на нивото на морињата во овој век би можело да се забрза на речиси еден метар, Во минатиот век, нивото на морињата се подигнало за 20 сантиметри. Загревањето на атмосферата и климата, како што тврдат научниците, најверојатно е повеќе од 95 отсто предизвикано со човековите активности, односно со емисија на штетните гасови, а само мал дел отпаѓа на природните промени на климатскиот циклус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Боинг 787 слета на ледена писта на Антарктикот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Краци покриени со пердуви и канџи: Откриено необично суштество во длабочините на океанот

Предраг Петровиќ

Во Антартикот се измерени рекордно најтопли температури

А1он

Бројот на белите мечки во Арктикот во пораст

Ана Ололовска

Насуканиот руски брод ќе ја дочека новата година на Антарктикот

Ана Ололовска

Мразот на Антарктикот ги открива ефектите на глобалното затоплување

Емир Латифовиќ