Ле Мер: Загрижен сум за британската економија, напуштањето на Европа има значителна цена

Од:

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер денеска изјави дека е „загрижен“ за економската ситуација во Велика Британија по објавувањето на буџетскиот план на Владата на конзервативната Лиз Трас, кој ги зголеми каматните стапки и доведе до пад на фунатата, јави дописникот на МИА од Париз.

„Не сум загрижен за ситуацијата во еврозоната, туку загрижен сум за британската ситуација“, изјави Ле мер, додавајќи дека „спектакуларните најави“ како оние од Даунинг стрит „го нарушуваат пазарот, финансиската рамнотежа и доведуваат до вистинска катаÑ �трофа“.

По минатонеделните најави на британската Влада, фунтата во понеделникот падна на историски минимум од 1,0350 долари, а каматните стапки по кои се задолжува британската држава се зголемија. Британската централна банка беше принудена да интервенира на пазарите, два дена откако увери дека нема да дејствува до следниот состанок на почетокот на ноември.

„Во Франција ги задржуваме каматните стапки кои остануваат разумни и прилично блиску до германските стапки, бидејќи постои доследност во економската и финансиската политика на Франција, за разлика од она што го предлагаат одредени опозиции“, рече Ле Мер.

Според него, напуштањето на Европа има значителна цена, бидејќи, како што рече, „Европа е заштита“.

„Еврозоната не заштити за време на кризата со Ковид-19, која ја спаси нашата економија. Без еврото и без Европа, не можевме да ја спасиме економијата како што направивме“, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски