Ле Дријан: Не е завршена војната против ИД во Сирија

Од:

Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дријан за време на вчерашната посета на главниот град на Јордан, Аман, изјави дека војната против Исламска држава во Сирија не е завршена, додавајќи оти се лажат тие кои мислат дека се поразени џихадистите.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 19 декември најави повлекување на околу 2.000 американски војници од Сирија, оценувајќи дека ИД е поразена иако контролира мали зони во источниот дел на земјата која се уште е во војна.

Одлуката на Трамп ги изненади американските сојузници, меѓу кои и Франција која има 1.200 војници во рамките на меѓународната воена коалиција предводена од САД. Коалицијата во петокот соопшти дека почнала со повлекување на опремата од Сирија.

– Војната не е завршена во Сирија. Во Сирија постојат две вкрстени војни, една против џихадистите и таа не е завршена, а втората е интерна граѓанска војна, изјави Ле Дријан на заедничката прес-конференција со јорданскиот министер за надворешни работи Ајмен Сафади.

Тој додаде дека со јорданскиот крал Абдулах Втори разговарал за политичко решение на сирискиот конфликт, додавајќи оти и понатаму приоритет останува „искоренување на џихадистите.Војната во Сирија почна во март 2011 година, која предизвика раселување на неколку милиони луѓе, а загинаа над 360.000 лица.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори