Лажна сметка од вечерата меѓу Макрон и Трамп од 82.000 евра

Од:

Еден интернет портал во Франција негодува поради високата сметка на вечерата меѓу двата претседатели Емануел Макрон и Доналд Трамп, заедно со нивните сопруги во ресторанот Жил Верн на Ајфеловата кула, но без притоа да провери дека сумата од 82.345 евра за која зборува е измислена од страна на белгискиот сатиричен портал Нордпресс.

Оваа лажна информација на францускиот портал, близок до крајната десница, не е прва од ваков вид, пишува Декодес на париски Ле Монд. Порталот дури и тврди дека таа информација била „потврдена“ од екипата на Макрон.

Се започна со статија на белгискиот сатиричен портал, кој тврдеше на 15 јули дека ја објавиле „неверојатната сметка “ од вечерата на двете претседателски двојки. Ова пропратено со многу лоши копии од сметка, која воопшто не е од вечерата.

Потоа во втората статија, во неделата на 16 јули, и преку твитер профил, кој му се припишува наводно на Макрон, тврди дека реалната сметка била 82.345 евра.

„Ние сме среќни да знаеме дека вечерата чинеше само 82.345 евра, наместо 154.953 иринизираше Нордпрессе.

Споменатите цени изгледаат навистина претерани, во ресторанот Жил Верн на Алан Дукас кој се наоѓа на вториот спрат на Ајфеловата кула. Француските телевизии го објавија менито. Менито „експеријанс“ чини 230 евра по гостин, и „пакетот вечера“ чини 950 евра за две лица, шест чаши вино чинат 120 евра.

Би можело да ве интересира

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Макрон и честита на Сиљановска Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ