Макрон и честита на Сиљановска Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон и честита на Гордана Сиљановска Давкова за изборот на претседателка на државава.

-Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател, напиша Макрон во објавата на неговата Фејсбук страница.

Макрон во својата објава додава дека Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина.

Сиљановска Давкова, исто така во објава на Фејсбук, се заблагодари на честитката на францускиот претседател.

-Претседателе Макрон, Ви благодарам за честитките! Франција, како една од земјите основачи на ЕУ има најважна улога и одговорност за успех на европскиот проект. Вашата поддршка се надевам ќе го отвори патот на Македонија кон Европа, а она што можам да се заложам е дека ќе градам консензус за реформи кои ќе им овозможат на македонските граѓани да живеат европски, наведува Сиљановска Давкова.

Воедно, додава таа во објавата, како две пријателски земји во мојот мандат ќе работам на зајакнување на билатералните односи, особено економската, културната и научната размена.

Би можело да ве интересира

Макрон ги осудува новите руски напади врз Киев, најавува зголемен притисок врз Москва

Пожарите сe оружје на Марин Ле Пен: Крајната десница го напаѓа Макрон

Германско-француски тандем во трка со времето

(ВИДЕО) Експлозии во Дамаск во близина на хотелот каде што требаше да престојува Макрон

Макрон нацрта нуклеарна мета врз Норвешка

Која е актерката поради која Емануел Макрон наводно беше удрен од Брижит Макрон

Предраг Петровиќ