Лавров: Во САД преовладаа поддржувачите на нова трка во вооружувањето

Од:

Акциите на Вашингтон во областа на нуклеарното разоружување и неширење покажуваат дека преовладуваат американските поддржувачи на нова трка во вооружувањето, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

-По пропаѓањето на Договорот за антибалистички ракети, сега е на ред Договорот за елиминација на ракетите со краток и среден домет. После тоа, може да има проблеми со продолжување на Договорот за мерки за натамошно намалување и ограничување на стратегиското офанзивно оружје, рече Лавров.

Тој додаде дека сето тоа ќе има „катастрофални последици”, не само за оние области од меѓународниот живот кои беа регулирани со овие договори, туку и за останатите механизми во областа на нуклеарното разоружување и неширење.

Според него, ако се направи проценка за активностите на Вашингтон во оваа област, може да се заклучи дека преовладаа поддржувачите на нова трка во вооружувањето.

Би можело да ве интересира

Лавров: Башар ал-Асад не успеа да ги исполни основните потреби на народот

А1он

Лавров: Оние што ќе ја ескалираат ситуацијата околу Украина ќе добијат „заслужена казна“

А1он

Лавров: Неодговорни изјави за ескалација од оние кои не намирисале барут

Лавров: Плановите на Зеленски се движат од глупави до неуспешни

А1он

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот