Лавров: Со поддршката на режимот во Киев и испраќањето оружје, земјите на НАТО спречуваат политички договор

Од:

Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од Украина во Русија од 24 февруари, денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Меѓу тие 1,02 милиони, 120.000 странци и жители беа евакуирани од одметнатите проруски региони Донецк и Луганск.

Според ОН, повеќе од 5,4 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Во изјава за руската новинска агенција Ксинхуа, Лавров рече дека 2,8 милиони луѓе досега побарале евакуација во Русија.

Украина тврди дека Москва насилно депортирала илјадници луѓе во Русија. Напорите за евакуација на цивилите од првите борбени линии, вклучително и од Мариупол, неколкупати пропаднаа, а двете страни постојано се обвинуваат меѓу себе за неуспехот на коридорите.

„Доколку САД беа искрено заинтересирани за решавање на украинската криза, ќе престанеа да испраќаат оружје во Киев.Со јавна поддршка на режимот во Киев, земјите од НАТО прават се што можат за да го спречат крајот на операциите со политички договор“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски