Лавров: Русија пропорционално ќе одговори на санкциите на ЕУ

Од:

Одговорот на Москва на санкциите на ЕУ во врска со инцидентот со опозицискиот лидер Алексеј Навални ќе биде пропорционален, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во интервју за радиостаниците Спутник, Комсомолскаја правда и Говорит Москва, Лавров рече дека тоа е добро воспоставена дипломатска пракса и оти одговорот ќе биде дипломатски.

Тој истакна дека Германија нема намера да наведува никакви факти и покрај сите меѓународни правни обврски.

Говорејќи за протерувањето на руските дипломати од голем број европски земји, Лавров рече дека тоа станало знак на добро однесување кон САД и Велика Британија.

– Но, се разбира, ние донесуваме свои заклучоци во однос на одлуките на нашите западни партнери да протераат руски дипломати поради шпионажа, а некои други обвинувања не ја одразуваат само дипломатска практика, туку и подготвеноста да им се препуштат на русофобичните трендови кои Американците се обидуваат да ги развијат во Европа со цел да ја одвратат Европа од употреба на руски гас, руски воени производи и многу други работи, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства