Лавров: Русија прави сè за безбедноста на мисијата на МААЕ во нуклеарката Запорожје

Од:

Русија прави сè што е во нејзина моќ за безбедноста на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарката Запорожје, соопшти денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави Тасс.

– Инсистиравме мисијата да има балистички експерти. Па така се надеваме дека ќе научиме нешто. Поточно, знаеме сè, но се надеваме дека и меѓународната заедница ќе ја искористи оваа шанса, додаде тој на состанок со студенти и професори на Московскиот државен институт за меѓународни односи.

Тој потсети на извештаите од руската армија за обидот изутринава да се симнат украински диверзанти близу нуклеарната електрана Запорожје, што е неутрализиран.

– Нашата војска соопшти дека група саботерите се неутрализирани. Мислам дека тоа е навистина висока цена за меѓународната заедница да ја дознае вистината, но доколку Украина сака тоа да го постигне на овој начин и да покаже што е тоа, тогаш само се надевам дека тоа нема да доведе до некаква катастрофа, нагласи Лавров.

Како што истакна тој, Русија сака објективност и оти мисијата на МААЕ „ќе ги открие сите траги што ги остави украинското гранатирање“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Косово е „територија на целосно беззаконие“

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија