Лавров: Русија ќе продолжи да ѝ помага на Африка

Од:

Русија ќе продолжи да помага во зајакнувањето на одбранбените капацитети на африканските земји и да ја обезбедува нивната прехранбена и енергетска безбедност, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Ќе продолжиме да им помагаме на заинтересираните африкански земји во зајакнувањето на нивните одбранбени капацитети и борбата против тероризмот, обезбедувајќи безбедност на храната и енергијата“, рече Лавров на свечениот прием посветен на Денот на Африка, пренесе Интерфакс.

Тој, исто така, го истакна одржливиот развој на трговските и економските односи меѓу Русија и африканските земји, истакнувајќи дека „минатата година, трговскиот промет меѓу Русија и Африка надмина 27,7 милијарди долари“.

Би можело да ве интересира

Лавров: НАТО им нанесе голема штета на соседните земји

Лавров: Русија се истиснува од Нафтената индустрија на Србија и од светските енергетски пазари

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Германскиот министер одби заедничка фотографија со Лавров, Москва реагира: „Се исплаши“