Лавров: Русија е загрижена од интензивирањето на украинската воена операција

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за време на денешната посета во Саудиска Арабија дека неговата земја е загрижена од интензивирањето на украинската воена операција, и покрај објавениот мировен план од страна на Киев и едностраниот прекин на огнот.

– Фактот што споменатата антитерористичка операција на Украина се интензивира паралелно со објавувањето на мировниот план, е крајно загрижувачки, истакна Лавров.

Тој нагласи дека планот на украинскиот претседател петро Порошенко изгледа како ултиматум.

– Во него недостасува само најглавното, а тоа е предлог за започнувае на дијалог. Ова е радикална отстапка од женевскиот договор од 17 април, додаде шефот на руската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски