Лавров: Разумна одлуката на патријархот Порфириј за евхаристичко единство на СПЦ со МПЦ-ОА

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров позитивно ја оцени одлуката на Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква (СПЦ) и Патријархот Порфириј за евхаристичко единство со Македонската Православна Црква-ОА, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ова (обновување на евхаристиското единство меѓу СПЦ и МПЦ-ОА) го оценувам само позитивно. Мислам дека тоа е разумна одлука на СПЦ и патријархот Порфириј, изјави Лавров во интервју за руската онлајн ТВ „Наше кино“, пренесуваат белградски Вечерни Новости.

Според рускиот министер, „ова е достоен одговор на интригите што ги плете цариградскиот патријарх“.

– Тој се обиде засекогаш да го погреба секој однос меѓу другите православни цркви, пред се, српската и македонската. Овој провокативен план е спречен, посочи Лавров.

Шефот на руската дипломатија одлуката за обновување на евхаристичкото единство меѓу српската и македонската црква ја нарече мудра.

-Со тоа се овозможува повторно воспоставување на евхаристичко единство со Руската православна црква, за што ние сме заинтересирани. Сигурен сум дека тоа ќе послужи за доброто на православието, заклучи Лавров.

Би можело да ве интересира

Авионот на Сергеј Лавров има дозвола да прелета над Бугарија

Предраг Петровиќ

МНР ќе одлучува за доаѓањето на Лавров на самитот на ОБСЕ

Катерина Ѓуровски

Се уште нема потврда за учеството на Лавров на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје

Порака на Лавров до ЕУ: Изгубивте

Обвинителството го затвори случајот-Подарената икона на Лавров сепак не била украдена од Украина

Предраг Петровиќ

Османи телефонски се слушна со Лавров: Побара од него Русија да ги повлече силите од Украина

Орце Костов