Лавров: Последните контакти со САД не вродија со плод

Од:

Последните разговори со САД за Сирија не вродија со плод, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, истакнувајќи дека верува оти каналот за комуникација со Турција може да стане многу поефикасен.

Лавров наведе дека и понатаму постојат контакти со САД, но дека „секој пат кога за нешто се зборува, САД на крајот се повлекува од договорот“.

– Така беше и во септември и кон почетокот на декември. На нас ни се држат предавања, се бара од нас да дозволиме коридори преку кои ќе преминат екстремисти, но пред се мора да се прекинат воените операции, а дури по неколку денови можат да се формираат такви коридори, истакна Лавров.

Лавров ја даде оваа изјава во момент кога пристигнуваат вести за обновување на судирите во Алепо и одложување на евакуацијата на цивилите.

Рускиот министер за надворешни работи за ситуацијата во Сирија разговараше со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, по што двајцата повикаа на завршување на насилството во земјата и укажаа на важноста да се обезбеди безбедност за цивилите, јави ТАСС.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија