Лавров: Поради искуството од Алјаска, тешко е да се предвиди спроведувањето на договорот меѓу САД и Иран

Од:

Тешко е да се предвиди спроведувањето на новите договори меѓу САД и Иран со оглед на искуството од руско-американскиот самит во Алјаска, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

На прес-конференција по разговорите со министерот за надворешни работи на Чад, Абдула Сабре Фадул, тој ги цитираше резултатите од самитот во Алјаска, каде што, според него, беа постигнати договори меѓу Вашингтон и Москва, но не беа спроведени.

„Затоа, не можам да проценам како САД ќе пристапат кон кој било договор постигнат со нивно учество, но разбирам дека постојат тешкотии, внатрешнополитички прашања и ова е неизбежно. Но, во оваа ситуација, се разбира, многу е тешко да се предвиди нешто за начините или изводливоста на спроведувањето на она што го разговаравме со САД“, рече рускиот министер, пренесува Спутник.

Би можело да ве интересира

Добија директна закана од Москва: На работ сте на отворена војна!

А1он

Историски резултат за демократите: 258 места во Претставничкиот дом

Багеи: Иран може брзо да ја врати безбедноста во Ормутскиот теснец

Германски медиуми: Русија планира да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената

(ВИДЕО) Путин: Крајот на војната зависи од Киев, Украина треба да ги прифати компромисите

Резаи: Ерата на експанзионистичка Америка е завршена