Лавров: НАТО не може да постои без митот за т.н. „руска закана“

Од:

Постоењето на митот за „руска закана“ е неопходно за да се оправда постоењето на НАТО. Тоа го тврди министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во интервју за Московскиј комсомолец.

– НАТО е одговорен за својата зона и како што е запишано во Вашингтонскиот договор, обезбедува колективна одбрана од напад. Ако си стоите на своите граници никој нема да ве задева. Тоа очигледно им се гледа малку и веќе се губи смислата за постоење на военополитички блок- наведува Лавров.

Според него, обидите на Алијансата да најде смисла за постоењето се без успех.

– Операцијата во Авганистан не помогна во тоа барање. Таа пропадна и денес ситуацијата во таа држава се влошува. Тероризмот расте и десет пати е поголем шверцот на дрога – наведува Лавров.

Во врска со последните случувања во Крим и Сирија сега експресно се експлоатира т.н. руска закана за да се објасни понатамошното постоење на НАТО, нагласува шефот на руската дипломатија. 

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија