Лавров: НАТО ја засилува воената активност околу руските граници и тоа загрижува

Од:

Интензивирањето на воената активност на НАТО во близина на границите на Русија во регионот на Балтичко Море е причина за загриженост, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес-конференција по средбата со неговиот дански колега Јепе Кофод.

Тој информира дека со шефот на данската дипломатија разговарале за безбедносните прашања во регионот на Балтичко Море.

– Го свртевме вниманието на нашите партнери кон алармантното зајакнување на воената активност на НАТО во непосредна близина на руските граници, рече Лавров.

– Нагласивме дека не гледаме никакви проблеми во тој дел на Европа и во цела Европа за кои е потребно воено решение, истакна тој.

Лавров изјави дека Русија го потврди својот став против конфронтацијата и за развој на конструктивен дијалог.

Рускиот министер за надворешни работи потсети и на бројните предлози доставени од руска страна до Северноатлантскиот сојуз за нормализирање на состојбата и градење доверба во заедничкиот регион, вклучително и предлози за поместување на вежбите од линијата на контакт Русија-НАТО и аранжман за договарање на минимално растојание кое би го почитувале морнаричките и воздухопловните сили.

„Од НАТО досега не добивме никаков одговор на овие конструктивни предлози, подвлече Лавров.

Би можело да ве интересира

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства