Лавров: Москва не разгледува критериуми за укинување на санкциите

Од:

Москва нема да разгледува никакви критериуми кои би требало да ги исполни за укинување на западните санкции, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– Ние не воведовме санкции. Ние не ја придвиживме спиралата на санкции која се шири. Ни навестуваа (…) некои колеги, ајде да ги усогласиме критериумите, вие исполнете ги тие критериуми па ќе ги укиниме санкциите. Ние тоа нема да го разгледуваме, истакна Лавров по средбата со летонскиот колега Едгард Ринкевичс во Москва.

Лавров потенцира дека санкциите се апсолутно нелегитимни и контрапродуктивни мерки кои сите ги погодуваат, вклучително и Русија, но таа од ситуацијата ќе излезе „дури, како што мислам, во плус“.

– Нашите европски партнери, кои чувствуваат негативно влијание од санкциите сами да заклучат, посочи Лавров.

Ринкевичс истакна дека Европската унија сериозно го разгледува прашањето за укинување на санкциите кон Русија ако има реален напредок во решавањето на кризата во Украина.

Лавров по средбата изјави дека Москва има информација дека украинските безбеднонси сили подготвуваат нов обид за насилно решавање на кризата, што би „било катастрофа“.

– Конфликтот во Украина не може да биде решен со воени средства, наведе Лавров додавајќи дека очекува странските партнери да влијаат врз Киев и таквите обиди да бидат спречени.

Рускиот министер за надворешни работи истакна дека со исполнување на договорот треба да се вклучат страните од судирот – украинските власти и претставниците на Доњецката и Луганската Област, а за Москва е најважно начелото почеток на директен национален дијалог за уставни реформи во Украина.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија