Лавров: Москва ги праша жителите на Запорожје и Херсон, како и на Донецк и Луганск, дали сакаат да станат дел од Руската Федерација

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва ги прашала жителите на Запорожје и Херсон, како и на Донецк и Луганск, дали сакаат да станат дел од Руската Федерација, додека во случајот на едностраното прогласување независност на Косово, никој ништо не ги прашал жителите.

Овие територии се дел од Русија според Уставот, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за унгарскиот Јутјуб канал „Ултраханг“, зборувајќи за Запорожје, Херсон, Донецк и Луганск.

„Работата е во тоа што тоа не беше едноставно наметнато одозгора, како во случајот со Косово, каде што жителите дури и не беа консултирани. Претставникот на Обединетите нации, Финец, поранешен претседател на Финска, едноставно рече дека Косово е независно – точка. За разлика од тој „фокус“, нашата одлука да ги вклучиме и да ги вратиме во Русија се заснова на фактот дека сите овие земји беа дел од Руската империја и се развија во рамките на Советскиот Сојуз. И оваа одлука беше донесена дури откако сите овие четири региони – ЛНР, ДНР, Запорожје и Херсон, по Крим – одржаа референдуми и јасно ја изразија својата желба за повторно обединување со Русија“, нагласи Лавров.

Како што истакна, жителите на преземените делови од Запорожјето и Херсонското подрачје не ги напуштаат овие места, туку остануваат и ги пречекуваат руските војници.

„Кога ќе ги ослободиме преостанатите делови од Запорошката и Херсонската област, повеќето луѓе не ги напуштаат овие места, и покрај обидите на украинската армија да ги транспортира на територијата на Украина. Тие остануваат и ги поздравуваат руските војници кои ги ослободуваат. Значи, ова не е наша волја, ова не е наш „империјален дух“, како што велат некои. Ова е нашата грижа за иднината на луѓето кои се чувствуваат како дел од руската култура“, заклучи Лавров.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија и Белорусија ќе ги користат сите расположливи средства за да обезбедат воена безбедност

А1он

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот

Косачeв: Киев сака нуклеарно оружје за иден напад врз Русија

Горан Наумовски